Добредојдовте во
уште една анализа во низата на едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“, а најпрво ќе
започнеме со еден краток осврт на случувањата од претходното коло, каде нашата
анализа донесе 56 освоени бода, во коло каде просекот изнесуваше 45 бода.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Најпрво,
капитенот кој го селектиравме во предлог-составот, Мохамед Салах постигна гол
во победата од 3-2 на Ливерпул против Вест Хем, но останавме без дополнителни
бодови во одбраната каде ги префериравме Ендру Робертсон и Трент Александер-Арнолд,
како и да е, првиот запиша една, а вториот две асистенции, па генерално можеме
да бидеме задоволни.
Сепак, акцент ќе
ставиме на Бруно Фернандеш, кој во убедливата победа на Манчестер јунајтед
против Ватфорд од 3-0 реализираше гол од пенал, но и асистенција, па така
вкупно освои 14 бодови, три дополнителни во истите како најкорисен играч на
мечот.
„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Обрнете внимание на Фернандеш
Како вовед во селекцијата,
сега се префрламе кај статистиката во однос на трансферите, таму најкупуван
фудбалер сосема очекувано е фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш,
кој викендов со својот тим гостува кај Евертон. По него следи Џејми Варди,
напаѓачот на Лестер кој викендов гостува кај Норич, екипа која ја има една од
најслабите лиги во шампионатот, а водечката тројка ја комплетира
Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на
Арсенал кој ова коло нема натпревар, па од тука зачудува овој потег кај
големиот број натпреварувачи.
Во однос на
најпродаваните фудбалери за претстојното коло, во прв план се фудбалерите кои
ова коло нема да имаат натпревар, со оглед на фактот што одложени се
пресметките помеѓу Астон Вила – Шефилд Јунајтед, односно Манчестер Сити –
Арсенал. Фудбалерот од кого се ослободуваат мнозинството натпреварувачи е
напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, по него следат Џек Грилиш од Астон
Вила, односно Џун Лунстрам од Шефилд Јунајтед, тука е секако и Кевин Де Брујне
од Манчестер Сити.

Како завршница во
најавата за предлог-составот за 28 коло, ќе посочиме дека истото стартува со
утревечерниот дуел помеѓу Норич и Лестер (21,00 ч.), првиот дуел во сабота е
помеѓу Брајтон и Кристал Палас (13,30), а интересна пресметка секако ќе биде
онаа помеѓу Борнмут и Челси (16,00). Саботните возбудувања ќе се комплетираат
со дуелот помеѓу Ватфорд и Ливерпул (18,30).
Веќе в’ недела ќе проследиме две пресметки,
односно Евертон – Манчестер јунајтед, односно Тотнем – Вулверхемптон (15,00),
обата меча стартуваат во ист термин.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Во поглед на
голманската позиција, тука довербата би му ја укажале на неверојатниот Ник Поуп
(4.8), голманот на Барнли кој со својот тим гостува кај Њукасл, противник кој
не може да се пофали со добра сезона зад себе, а дополнително и тешко
постигнува голови. Поуп е доста интересна опција кај многумина натпреварувачи,
најпрво поради ниската цена, а потоа и поради резултатите кои ги остварува,
претходното коло во победата против Борнмут (3-0) запиша 9 бода зад своето име,
остварувајќи четири интервенции, а одличните перформанси беа наградени со
дополнителни 2 бода.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Во дефанзивната
линија каде ќе селектираме четворица, најпрво ќе ги препорачаме двоецот од
Ливерпул, Трент Александер- Арнолд (7.7), односно Ендру Робертсон (7), „Редсите“
гостуваат кај незгодниот Ватфорд, а освен бодови од потенцијален меч без примен
гол (клин шит), очекуваме дуото бекови на „Редсите“ да запише нешто повеќе од
тоа.
Рикардо Переира (6.3)
од Лестер е доста интересна опција, ако се земе во предвид дека „Лисиците“
утревечер гостуваат кај Норич, екипа која и претстои грчевита битка за опстанок
во елитното фудбалско друштво на Островот, но, екипа која во никој случај и не
смее да се потцени. Како и да е, доколку Лестер не сака да си го загрози
третото место на табелата, ќе мора да нападне, а тука голема улога игра Переира
кој има големи офанзивни задачи во тој дел од играта на составот на Брендон
Роџерс.
Дефанзивната
линија ќе ја заокружиме со Луис Данк (4.8) кој со својот Брајтон на домашен
терен го пречекува Кристал Палас, веројатно ова е убав момент за Брајтон да
дојде до победа пред своја публика, откако „паузира“ по тоа прашање веќе четири
меча во низа, а Данк кој е доста опасен во прекините, би можел да запише нешто
повеќе од скромни два бода на овој меч.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Со оглед на
фактот што повеќето натпреварувачи нема да бидат во можност да ги имаат
фудбалерите на Манчестер Сити овој викенд, во средниот ред секако најмногу ќе
се очекува од ѕвездите на Ливерпул, како Мохамед Салах, односно Садио Мане (12.3).
Со оглед на формата во нагорнд линија кај вториот, ние ќе го посочиме токму
него за гостувањето кај Ватфорд, па за Мане ова е можност да погоди на трет меч
во серија во Премиерлигата, иако не ја исклучувајте ниту опцијата Салах, ако се
земе во предвид и формата на Египјанецот.
Тотнем е во доста
незгодна ситуација, го загуби првиот меч со Лајпциг во осминафиналето од Лигата
на шампионите (0-1), и тоа пред своја публика, а сега на домашен терен го
пречекува доста незгодниот состав на Вулверхемптон, па со оглед на тоа што
очекуваме отворена игра на обете екипи, го препорачуваме Деле Али (8.4) кој
сигурно ќе биде најголема опасност кон голот на гостите. Али одигра само 12
минути во поразот на Тотнем кај Челси минатото коло, а претходно против Лајпциг
играше се’ до 64. минута, но,
Мурињо нема многу опции, па речиси сигурно е дека англискиот репрезентативец ќе
стартува уште од првата минута викендов, дополнителна мотивација да го
селектираме е можеби „свежината“ кај него и неисцрпеноста од полни минути на
последните два меча.
Челси сигурно ќе
сака да се рехабилитира од големиот пораз пред своја публика од Баерн Минхен во
Лигата на шампионите (0-3), па гостувањето кај Борнмут е убава можност за Френк
Лампард и неговите избраници да се залечат раните, па во согледувањето на
опциите кои ги направивме, воочивме дека добро би било да го имате Мејсон Маунт
(6.1), тој има доста симболична цена на пазарот, а има големи офанзивни задачи
во играта на Челси, што нам ни дава за право да му укажеме доверба.
Со оглед на
фактот што Тотнем се соочува со големи проблеми во својот тим, најмногу поради
повредите на Кејн и Сон на подолг рок, а воедно и фактот што очекуваме отворен
фудбал во Лондон на мечот со Вулверхемптон на обете страни, Адама Траоре (5.9)
воопшто не е наивен избор за ова коло. Фудбалерот кој се води како играч од
средниот ред, а всушност во реалноста настапува како напаѓач, може да стави сол
на раната на Жозе Мурињо викендов, а со
тоа да го сопре постот од цели осум меча без погодок во Премиерлигата. Сепак,
имајте на ум дека можно е фантастичната форма на напаѓачот Диего Жота може да
игра голема улога во тоа дали воопшто Траоре ќе почне од првата минута, иако
големи се очекувањата да биде стартер.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Тами Абрахам (7.6)
се врати од повредата, а тој речиси и да немаме никакви дилеми дека ќе стартува
од првата минута за гостувањето на Челси кај Борнмут, тука составот на Лампард
едноставно нема право на кикс во битката за место во Лигата на шампионите за
идната сезона, а многу работи од овој меч ќе зависат токму од младиот напаѓач,
барем такви се нашите очекувања. Абрахам ако го изоставиме мечот од пред две
кола кога паузираше, има пост од четири меча без постигнат гол.
Дени Ингс (7.1)
има сезона за паметење во дресот на Саутемптон, а напаѓачот минатото коло во
победата над Астон Вила (2-1) играше до 72. минута и не успеа да погоди,
гостувањето кај Вест Хем е убава можност за да се врати на погодоците, на
последните пет гостувања тој успеа да запише три погодоци.
Предлог-состав:
ПОУП (4.8); АРНОЛД (7.7), РОБЕРТСОН (7), ПЕРЕИРА (6.3), ДАНК (4.8);
МАНЕ (12.3), АЛИ (8.4), МАУНТ (6.1),
ТРАОРЕ (5.9); АБРАХАМ (7.6),
ИНГС (7.1)
Капитен: САЛАХ
Заменик-капитен:
Абрахам
Традиционално,
анализата ја заокружуваме со краток осврт на случувањата во генералната лига на
„Македонија“, односно во лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на „Македонија“ имаме една доста интересна ситуација каде на делба на
првото место се дури тројца со по освоени 1674 бода досега, и тоа Давид Трајчевски, Веле Темелков и Василиј
Стојановски, па ние по истиот редослед ќе ви го прикажеме нивниот избор од
претходното коло.




Што се однесува
пак до моменталната ситуација во лигата на „24фудбал“, таму на првото место е
всушност еден од тројцата лидери во „Македонија“, Василиј Стојановски со досега
освоени 1674 бода, а веќе имавте можност да го проследите неговиот избор од
претходното коло.

За крај, среќно
до сите натпреварувачи од нашата земја во „Фантази Премиерлига“ ова коло, се
надеваме дека ќе помогнеме да добиеме најдобро коло на еден наш натпреварувач
оваа рунда, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е
следен: ah7lqe