24 часа по соопштението на Рома се огласи Барса: Го договоривме трансферот на Малком!

by
1 минути читање

Пред нешто повеќе
од 24 часа, Бордо и Рома синоќа соопштија дека се договориле за преселба на
Малком во Рим. И додека „Волчицата“ правеше подготовки за медицинските тестови
а фановите се собираа пред аеродромот за да го пречекаат најскапото засилување ова
лето, Барса испрати понуда во 5 до 12, па Бразилецот не отпатува за главниот
град на Италија.

Малком вечерва
треба да пристигне во Барселона, откако „Каталонците“ и Бордо си подадоа рака а
играчот со шампионот на Шпанија постигна согласност за пет годишен договор.

Барса со
официјално соопштение потврди дека е договорен трансфер вреден 41 милион евра,
плус еден додатен милион во бонуси. Во 20 часот Малком треба да „удри“
фотка пред грбот на клубот кој се наоѓа пред канцелариите на „Каталонците“.

Утре рано науто
тој ќе ги помине редовните лекарски прегледи и ќе се приклучи на турнејата на
Барселона во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×