2 милиони евра за пет дена, па ни Меси не заработува толку!

by
1 минути читање

„Специјалниот“
летоска ќе работи како стручен коментатор за Раша Тудеј, и покрај тоа што
најголемата руска државна новинска агенција ги нема ТВ правата за Светското
првенство и нема да пренесува натпревари во живо.

Жозе Мурињо имал
понуди и од други медиуми, но изборот на крајот паднал на РТ, а причината е
многу едноставна. Португалецот на своите агенти им дал задача да му го
обезбедат договорот кој ќе му донесе најголем приход за најмалку потрошено
време.

Според Дејли
Мејл, „Специјалниот“ од Раша Тудеј ќе „лапне“ нешто над 1,7 милиони фунти, или речиси 2 милиони евра и тоа за
само пет дена работа, од кои четири ќе ги помине во Русија на отварањето на
мундијалот, а за финалето ќе работи од дома преку сателитска врска.

Само за споредба,
најплатениот фудбалер во светот во моментов, Лео Меси има годишна плата од
околу 50 милиони евра, што во превод значи околу 137.000 евра дневно. Мурињо за
својот ангажман ќе заработи речиси три пати повеќе или околу 400.000 евра
дневно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани