1Xbet типови на денот (14.05.17): Атлетик Билбао игра во голема форма на домашен терен

by
2 минути читање

Новата македонска онлајн обложувалницата 1xbet.com и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Брегалница – Победа 2

Победа води грчевита битка за опстанок, до крајот на првенството има уште четири кола. Брегалница веќе нема шанси за останување во Првата лига, па мотивите се на страната на Прилепчани. Во последните четири кола, Победа има три триумфи и пораз само од шампионот Вардар. Тие во минатото коло славеа на тешкото гостување кај Шкупи, претходно ја победија Шканендија, па не гледаме зошто не би се вратиле со три бода и од кај немотивираната Брегалница. Коефициентот на 1xbet.com за двојка од овој меч е 1,96.

Вест Хем – Ливерпул 2

Ливерпул го игра натпреварот на сезоната, му гостува на Вест Хем во меч кој мора да го добие ако сака во следната сезона да игра во Лигата на шампионите. Црвените имаат уште два меча до крајот, ако ги освојат сите шест бода ќе завршат меѓу четирите најдобри. Се освоен триумф во источен Лондон ќе биде големо разочарување за Ливерпул. Вест Хем има и големи проблеми со повредени фудбалери, па двојката од овој меч е извесна. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Ливерпул е 1,63.

Атлетик Билбао – Леганес 1

Во шпанската лига има уште две кола до крајот на првенството. Атлетик Билбао се бори да се задржи на местата кои водат во Европа, има притисок од Реал Сосиедад кој има исто бодови со нив. Леганес речиси го осигура опстанокот во Примера. Атлетик Билбао игра фантастично на свој терен оваа сезона каде има само два порази во сите натпреварувања, едниот од Реал Мадрид, другиот од Барселона. Очекувањата се дека Баскијците без проблеми ќе прокнижат нови три бода. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Атлетик Билбао е 1,46.

Бостон – Вашингтон 1

Бостон и Вашингтон играат мајсторка, кој ќе победи ќе игра против Кливленд во финалето на истокот. Во регуларниот дел од сезоната Бостон беше конференциски шампион, додека Вашингтон од осмото место влезе во плејофот. Во досегашните десет меѓусебни натпревари оваа сезона секогаш победувал домашниот тим, очекуваме така да биде и вечерва. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Бостон е 1,62.

Онлајн обложувалницата 1xbet.com ви нуди одлични коефициенти и многу игри на сите натпревари. Обложувај се од дома, обложувај се онлајн, обложувај се 24 часа во текот на денот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани