Монако – Монпеље: над 2,5 голови
По високиот пораз од Порто во Лигата на шампионите, Монако им се враќа на домашните обврски, денеска го пречекува тимот на Монпелје. На последните шест домашни натпревари на Монако се постигнати 26 голови, на четири од нив победил, два загубил но сите имало над три голови. Се очекува и вечерва во Малото Кнежество гледачите да гледаат погодоци. Монако е фаворит, се очекуваат најмалку три гола, но веројатно и повеќе.
Шалке – Баер Леверкузен: 1Х
Бундеслигата носи интересен петочен натпревар, Шалке ја пречекува екипата на Баер Леверкузен. Фармацевтите од последните три гостувања во Гелзенкирхен си заминувале со победа, но време е да се промени тоа. Оваа сезона на свој терен Шалке загуби само од Баерн, додека Леверкузен доживеа пораз на сите три гостувања. Се очекува изедначен дуел, но Шалке овој пат нема да дозволи гостинот да си замине со сите три бода.
Селта – Жирона: 1
Селта во минатото коло славеше со убедливи 4-0 на гостувањето кај Еибар. Денеска ја пречекува екипата на Жирона која по добриот старт во првите две кола очекувано почна да паѓа. Жирона има три порази на последните четири натпревари и нути една победа, додека Селта освои седум од 12 можни бодови во тој период. Селта ја има предноста на домашен терен и вечерва се очекува да ја искористи.
КПР – Фулам: двата тима даваат гол
Дуел на двата поранешни премиерлигаши кои сега играат во Чемпионшип. По десет одиграни натпревари Фулам со 14 бодови е на 11 место, КПР со бод помалку е 13. На последните пет натпревари Фулам секогаш дава но и прима голови, кај КПР тоа се случува на дури седум од последните осум натпревари. Гол гол играат и на пет од последните нивни шест меѓусебни дуели. Ако ја следиме статистиката немаме дилеми, и двете екипи даваат гол на овој меч.
1ХBet.com Ви нуди одлични коефициенти и голем број на различни обложувања за секој натпревари. Регистрирај се, уживај во спортот и заработи со 1ХBet.com.
За предностите на онлајн обложувањето можете да прочитате на овој ЛИНК.