Беневенто – Интер: 2-2
Интер му гостува на најслабиот тим во лигата, Беневенто кој по шест одиграни кола нема освоено бод, примил 16 голови а дал само 1. Нероазурите играат одлично на стартот од сезоната имаат пет победи и само едно реми. Нема дилеми тука околу победникот, Интер треба да извојува лесна победа, а отпорот на домаќините да биде скршен уште во првото полувреме.
Милан – Рома: над 2,5
Дербито ова коло во Серија А се игра на Сан Сиро, Милан ја пречекува Рома. Последните четири средби меѓу овие два тима играни во Милано изобилуваат со голови, на нив во просек имало по четири голови. Двата тима се офанзивни, па се очекува и денеска гледачите да видат погодоци. Најмалку три.
Лацио – Сасуоло: 1
Лацио игра во одлична форма оваа сезона, има пораз само од Наполи и едно реми против СПАЛ, на останатите мечеви победува, на добар дел од нив и убедливо. Денеска на гости му доаѓа Сасуоло кој знае да биде опасен, но оваа сезона не е таков и по шест одиграни мечеви се наоѓа дури на 16. место. Се освен победа на домаќинот би било изненадување.
Виљареал – Еибар: 1
Виљареал го пречекува Еибар на Ел Мадригал и со право се надева на победа. Гостите играат во лоша форма, во минатото коло на свој терен примија четири гола од Селта, а претходно Барса со шест погодоци им на наполни мрежата. Виљареал игра променливо, но денеска противникот е идеален да запишат нови три бода на контото.
1ХBet.com Ви нуди одлични коефициенти и голем број на различни обложувања за секој натпревари. Регистрирај се, уживај во спортот и заработи со 1ХBet.com.
За предностите на онлајн обложувањето можете да прочитате на овој ЛИНК.