Големиот талент
од академијата на Манчестер јунајтед, Деџи Сотона е најбрзиот член на клубот од
„Олд Трафорд“, а тоа се потврди на последните тестирања во тренинг комплексот
во „Карлингтон“, со што Ирецот постави максимална брзина.
Според информациите
кои веќе ги објавија на Островот, се вели дека младиот Ирец запишал максимална
брзина од 22.9 милји на час, што е повеќе од 1.2 од вториот по
брзина, Диего Далот.
Сотона, кој инаку
настапува во составот на Манчестер јунајтед за фудбалери до 18 годишна возраст,
котира високо во поглед на оценките кои ги вршат тренерите, а му се предвидува
и брзо прекомандување во сениорскиот тим на гигантот.
Сотона се запиша
во клупската книга на Манчестер јунајтед како најбрзо фудбалер досега, а што се
однесува пак до останатите, тестирањата покажаа дека втор најбрз во тимот на
Оле Гунар Солшер е Далот (22.6), следат Рашфорд (22.18), па Џејмс (22.07).