Барселона и ПСЖ
синоќа имаа нова средба во Париз која заврши без договор но со оптимисам кај
„каталонците“ дека ќе можат да го вратат Нејмар на Камп Ноу.
Се говореше дека
на маса имало понуда од 170 милиони евра, сума која ги задоволува барањаа на
ПСЖ, но Барса инистира оваа бројка да биде платена на две рати, и тука е
недоразбирањето.
И додека се очекуваше двата клуба да продолжат да преговараат во насока на последната понуда, медиумите сега
пишуваат дека Барса има нова формула, нуди двајца фудбалери и многу пари.
Каталонскиот
весник Спорт прв пренесе за понуда составена од 125 милиони евра, плус трансфер
на Иван Ракитиќ во Париз, плус позајмица на Осман Дембеле.
Л’Екип исто така
ја пренесе оваа вест но пиша дека сумата која Барселона ја нуди е 130 милиони евра.
Ле Парисиен потоа
се надоврза и објасни дека всушност на маса има 140-150 милиони евра, плус
трансфер на Иван Ракитиќ и плус позајмица на Осман Дембеле. Весникот додава
дека Хрватот прифатил да се пресели во Париз и дал зелено светло на ПСЖ, но
Французинот се уште одбива да ја промени средината и преферира да остане во
Барселона.
Дали оваа понуда ќе биде доволна за ПСЖ конечно да прифати продажба на
Нејмар и да стави крај на трансфер сагата ќе видиме во следните денови.