Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека 15 пати ја гледал повторената снимка од дуелот помеѓу Луис Скели и Харисон, и смета дека нема шанси стартот да се окарактериса како пенал.
„Топчиите“ испуштија два бода на гостувањето на „Гудисон“ откако Евертон се избори за 1-1 со гол од контроверзен пенал.
„Судијата реши да покаже на белата точка и го промени текот на натпреварот“ – вели тренерот на Арсенал, Микел Артета.
„Тука сум да го дадам своето мислење и можам да кажам дека 15 пати го гледав видеото и нема шанси ова да е пенал. Нема доволно контакт и контактот започна надвор од шеснаесетникот, внатре во шеснаесетникот нема никаков контакт“.
Jack Harrison vs Myles Lewis-Skelly
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 5, 2025
Penalty decision is true?pic.twitter.com/q6vzyWqopF
„Освен пеналот, Евертон не креираше ништо, па јасно е дека пеналот целосно го промени моментумот и исходот на натпреварот“.
Шпанецот потоа додаде: „Мислам дека заслуживме повеќе. Имавме две големи шанси да стигнеме до победа, за жал не ги реализираме и мораме да се помириме со еден бод“.