13. обид среќен за Венгер, Французинот конечно го победи Мурињо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дербито на 36.
коло, „Топчиите“ пред своите фанови со 2-0 ги совладаа „Црвените Ѓаволи“.

Арсенал освои три
важни бода во трката за топ четири пласман и си ги задржа шансите за местата
кои водат во Лигата на Шампионите.

Во првото
полувреме, двете екипи имаа неколку добри шанси, но мрежите мируваа.

На стартот од
вториот дел, домаќините го решија натпреварот во период од три минути.

Џака среќно погоди во 54. минута од средбата, а во 57. минута Велбек биеше
неодбранливо под пречката за 2-0.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани