Пикси добил услов: Мора да го исполни, ако сака да остане селектор

by Стефан
1 минути читање

Драган Стојковиќ – Пикси засега останува селектор на Србија, и покрај тешкиот пораз од Англија (0-5) во квалификациите за Светското првенство. Сепак, неговата иднина зависи од исходот на следниот натпревар.

Според информациите на српските медиуми, Пикси добил услов од Фудбалскиот сојуз дека мора да ја совлада Албанија, ако сака да остане на клупата.

Натпреварот е закажан за 11 октомври и со победа „орлите“ би се вратиле на второто место во групата кое води во плеј-офот.

„Поразот од Англија беше големо разочарување. Се надевавме дека со една таква светска сила ќе одиграме на многу повисоко ниво. Но, шансата е пропуштена“, порачале од Фудбалскиот сојуз.

Во моментов Србија е трета со седум бодови, еден помалку од Албанија која се наоѓа на втората позиција. Ќе потсетиме, второто место од групата носи во плеј-офот за пласман на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×