10. пораз во сезоната за Интер, „Нероаѕурите“ на колена пред малиот Кротоне (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер им пререди
ново разочарување на фановите, попладнево го забележа 10 пораз во сезоната и
тоа против Кротоне.

Фалчинели од
пенал во 19. минута ги донесе домаќините во водство, а 180 секунди подоцна
погоди и за 2-0.

Интер преку
Д’Амброзија во 65. минута успеа само да намали на 2-1.

Милан беше
сигурен во дуелот со Палермо, „Росонерите“ славеа со убедливи 4-0.

Илија Несторовски
беше стартер за „Сицилијанците“ а Александар Трајковски добби шанса од клупата
во вториот дел.

Рома исто така
стигна до лесна победа, „Римската Волчица со 0-3 славеше на гостувањето кај
Болоња.

Каљари и Торино
одиграа возбудлив натпревар во кој гостите на крајот стигнаа до триумф од 2-3.

Удинезе со 3-0 ја
доби пресметката со Џенова. Горан Пандев доби повеќе од половина час во вториот
дел, откако домаќините веќе имаа убедлива предност.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани