10 фудбалери кои имаат најголеми шанси да ја надминат „магичната граница“ од 100 милиони фунти

by
1 минути читање

Пол Погба
минатото лето стана најскапиот фудбалер откако Манчестер јунајтед за неговите
услуги плати рекордни 105 милиони евра.

Клубовите од
Премиерлигата, подпомогнати од богатиот договор за ТВ права, се очекува да
продолжат да ги поместуваат границите и само прашање на време е кога ќе
пристигне и првиот трансфер од 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра).

Па
обложувалницата Бвин реши да состави листа од 10 фудбалери кои имаат најголеми
шанси да ја срушат оваа магична граница.

Во својата
анализа, Бвин во предвид зема неколку фактори како позицијата, возраста,
должината на договорот и побарувачката.

На врвот се наоѓа
Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, кој оваа сезона има 25 погодоци на
25 натпревари во Бундеслигата.

Втор е голгетерот
на Тотенхем, Хари Кејн а трет е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Потоа следуваат
Пауло Дибала, Нејмар, Марко Верати, Еден Азар, Филипе Кутињо, Јаник Караско и
Александре Лаказет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани