309
Екс-фудбалерот на Јувентус, Џорџо Кјелини би можел да се врати во таборот на „старата дама“, но во поинаква улога.
Медиумите во Италија најавуваат дека Кјелини се враќа, но се уште не е познато каква точно ќе биде неговата улога и тоа би требало да се знае во наредните неколку недели.
Кјелини остана во добар однос со раководството на клубот од Торино, но исто така беше и поранешен соиграч со Тијаго Мота кој се очекува да биде наследникот на Масимилијано Алегри.
Засега се водат преговори помеѓу двете страни и најавите се дека нема да има проблем да пронајдат заеднички јазик.