Швајцарскиот фудбалер, Џердан Шаќири се врати во матичниот клуб, Базел по 12 години.
Во редовите на Базел, Шаќири пристигнува како слободен играч по раскинувањето на договорот со Чикаго Фајр. Договорот кој го потпиша е со важност на три години.
„Имам длабока врска со овој клуб и овој регион каде што пораснав. Сега повторно ќе го носам дресот на Базел и сакам заедно да победуваме“, изјави Шаќири кој ќе го носи дресот со број десет.
Претходно, Шаќири за Базел настапуваше од 2009 до 2012 година и во тој период постигна 23 гола на 130 натпревари.
Низ кариерата го носеше уште дресот на: Баерн, Интер, Стоук, Ливерпул, Лион и Чикаго Фајр каде што ги помина последните две сезони.
Од репрезентацијата на Швајцарија за која одигра 125 натпревари и постигна 32 гола се прости летово по завршувањето на настапот на Европското првенство.