282
Eкипата на Џенова ја потврди фаворитската улога која ја имаше во рамките од 36. коло во натпреварот против Сасуоло (2:1).
Сасуоло кој е во грчевита борба за опстанок стигна до водство во 31. минута со голот на Пинамонти од белата точка. Меѓутоа тоа водство им траеше се до 56. минута кога Бадељ израмни на 1:1. За конечни 2:1 се погрижи Камбула во 63. минута.
За Сасуоло ова беше 21. пораз во сезоната и во овој момент со 29 бодови на две кола пред крајот заостануваат четири бода зад Емполи кој е прв над опасната зона.
Во преостанатиот натпревар кој се играше во истиот термин Торино успеа да освои три бода против Верона.