Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски е доста интересен за клубовите од калчото. Веќе некое време е познат интересот од страна на Болоња која ќе игра во Лигата на шампионите, меѓутоа засега трансферот е ставен на чекање.
Во меѓувреме во трката за потписот на Миовски се вклучи уште еден клуб од Серија А, а тоа е Џенова. Поранешниот клуб на македонската легенда Горан Пандев сериозно „загриза“ за услугите на штипјанецот. Абердин за договорот на Миовски очекува да добие осум милиони евра, а тоа нема да биде проблем за италијанскиот клуб.
Спортскиот директор на Џенова, Марко Отолини, ги разгледува можностите меѓутоа Миовски е сериозна опција за нападот на „грифоните“.
Многу лесно може да се случи уште еден Македонец по Пандев кој стана клупска икона да заигра за Џенова…