Фудбалерите на Црвена Звезда вечерва го одиграа еден од своите најдобри натпревари европски натпревари и на свој терен славеа убедлива победа над германски Штутгарт (5:1)
Не тргнаа работитте добро за белградскиот гигант бидејќи по само девет минути Демировиќ го доведе Штутгарт во водство од 0-1. Но, тој гол не влијаеше на мотивацијата на домашните фудбалери кои и брзо се вратија во натпреварот.
Силас веќе во 12. минута донесе израмнување. Мрежата на Звезда се тресеше и во 28. минута и повторно од Демировиќ, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.
Во 31. минута Звезда, Круниќ погодува за целосен пресврт на црвено-белите. Со предноста од еден гол, Звезда замина на паузата.
Второто полувреме донесе уште подобра игра на домаќините, германскиот тим во овој втор дел не упати ниту еден удар во рамките од голот, а Звезда создаде неколку прилики од кои три во гол претворија Иваниќ и Радониќ за конечни 5-1.
За Црвена Звезда ова беше прва победа во елитата по четирите порази од: Бенфика, Интер, Монако и Барселона.
Во вториот натпревар екипата на Бојан Миовски, Жирона запиша пораз на гости кај Штурм Граз со минимални 1-0. Миовски на теренот беше до 67. минута кога на негово место влезе Стуани.