Љупче Дориев постигна одличен гол, па прослави во стилот на Роналдо (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот фудбалер и Љупче Дориев со својот втор гол оваа сезона обезбеди триумф за Согдиана во рамките од 6. коло во шампионатот на Узбекистан.

Дориев го постигна единствениот гол на натпреварот против Андијан кој до ова коло ја држеше лидерската позиција.

Интересна беше и прославата на Дориев кој одлучи погодокот на го прослави во стилот на португалскиот ас Кристијано Роналдо.

ГОЛОТ НА ДОРИЕВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА

Моментот на одлука се случи во 64. минута кога македонскиот фудбалер со одличе удар од далечина го матираше противничкиот гол.

За тимот на Согдиана ова беше трет триумф со кој остана на делба на првото место токму со Андијан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани