Барселона беше силно заинтересирана за Дани Олмо, но нивната понуда е мала во однос на тоа што го бара Лајпциг, па сега во преден план излегуваат Манчестер јунајтед и Баерн Минхем.
Откупната клаузула од 60 милиони евра за Олмо истече, но Лајпциг се уште би ја прифатил таа сума за продажба на својот фудбалер.
Барселона достави понуда од 40 милиони евра плус 20 милиони во бонуси, но таа експресно беше одбиена.
Германците сакаат 60 милиони евра без бонуси, а тоа значи дека Барса е покуса за 20 милиони евра, сума која е голема.
„Мундо Депортиво“ пишува дека ваквиот развој на настаните им дава шанса на Манчестер јунајтед и Баерн Минхен кои исто така се интересираат за Олмо.
Приоритет на фудбалерот беше Барселона, но доколку овој клуб не може да си го дозволи, тогаш другите стануваат опција.