Манчестер Јунајтед веќе го планира преодниот рок за следното лето. Во минатото тие го доведоа Џошуа Зиркзе како решение за нападот, меѓутоа холандскиот напаѓач досега не ги исполни очекувањата.
Зиркзе пристигна од Болоња, меѓутоа досега не успеа да се наметне и постигна само еден погодок и тоа во првото коло против Фулам со кој донесе победа.
Поради тоа англиските медиуми шпекулираат дека Јунајтед веќе подготвува напад за ново име во нападот. Се работи за одличниот Бенјамин Шешко, словенечкиот напаѓач кој игра одлично во РБ Лајпциг. Шешко неодамна потпиша продолжување на договорот со „биковите“ до 2029 година и со сигурност нема да биде ефтина опција.
Претходно имаше откупна клаузула поставена на 65 милиони евра за која е непознато дали е сè уште валидна во новиот договор. За Шешко имаше интерес од повеќе клубови од Европа како Арсенал, Челси, Милан…