Јулија Живиќ разочарана и лута: Се повредив, а клубот воопшто не застана зад мене!

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалерка и долго време репрезентативка Јулија Живиќ е револтирана од односот кој кон неа го имал нејзиниот клуб, Шкендија.

Живиќ по пристигнувањето во Шкендија од редовите на Сплит се здобила со повреда на првиот натпревар, а од тој момент клубот не водел никаква грижа.

„Надвор од терените сум поради повреда која ја добив на првиот натпревар на почеток на сезоната во клубот во кој што продолжив да играм (ЖФК Шкендија) по завршувањето во Сплит. Клубот по таа повреда не води никаква грижа, ниту стои зад мене како клуб во било која смисла. Познавам и многу други играчи кои биле во слична ситуација и потоа добиваат одговор дека можеме да си бареме нови клубови и тоа непосредно пред почетокот на сезоната“, изјави Живиќ.

Според Живиќ, причина за таквиот однос на клубот кој непосредно пред почетокот на сезоната ги информирал дека згаснува било и мешањето на политиката.

„Мешањто на политиката во спортот е причина за која што клубот не води грижа, тука се финансиите кои им се одземени по промената на власта по што преку порака бевме известени дека клубот наеднаш згаснува и да си бараме клубови на десет дена пред почетокотт првенството, а во ситуација кога сте повреден и остануваш без клуб ситуацијата не е едноставна“, додава Живиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани