310
Фудбалерите на Јувентус се радуваа на победа во последното коло на Серија А против екипата на Монца со 2-0 (2-0).
Натпреварот на „Алијанц Стадион“ во Торино беше решен со два брзи гола во првото полувреме. Резултатот го отвори Федерико Киеза во 26. минута, откако стрела по асистенција на Милик (1-0).
Симболично, вториот погодок беше дело на Алекс Сандро кој го одигра последниот натпревар за Јувентус. Бразилскиот бек во 28. минута ја стресе мрежата на Ди Грегорио и дополнително ја крена атмосферата во Торино.
На крајот тој беше заменет во 73. минута и беше поздравен со овации од целиот стадион, а не можеше да ги задржи солзите.