294
Јувентус го продава Федерико Киеза, тој наводно не е во плановите на новиот тренер, Тијаго Мота.
Сумата која ја бара Јувентус е 25 милиони евра. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година.
Како прв кандидат за потписот на Киеза се споменува Рома, но останува да се види дали волчицата ќе може да си ја дозволи таа сума доколку не продаде некој значаен фудбалер.