Според шпанските медиуми Јувентус во јануарскиот преоден рок би можел да го засили нападот со Хрват од редовите на Осасуна.
Станува збор за 33-годишниот Анте Будимир кој според информациите на медиумите е на радарот на италијнаскиот гигант за јануари.
Во редовите на Осасуна Будимир пристигна во 2020 година и од тој период настапи на 146 натпревари во кои постигна 51 гол и подели шест асистенции. Добро ја започна сезонава и зад своето име има четири гола на девет настапи.
Будимир во кариерата веќе има искуство во Италија каде што беше дел од Кротне и Сампдорија. Кога се клубовите од останатите земји настапуваше уште во: Интер Запрешиќ, Мајорка, Локомотива и Сент Паули.
Планот на Јувентус наводно е Будимир да игра во тандем со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.