64
Фудбалскиот клуб Јувентус се обидува да се стабилизира на финансиски план.
Во последните неколку години италијанскиот гигант имаше одредени проблеми кои влијаеа и на трансфер политиката. Изминатото лето тоа не беше случај, клубот сериозно се засили и го доведе Тиаго Мота на тренерското столче. Сепак, сега е потврдено дека минатата сезона е затворена со огромен минус.
Јувентус имаше состанок на Управниот одбор и на него беше изгласан буџетот за 2023/24 година, а во него има минус од 199,2 милиони евра за таа финансиска година.
Сепак, вреди да се напомене дека долговите на клубот се намалени за нешто помалку од 100 милиони евра. Сегашниот долг на Јувентус е 242 милиони евра.