Eкипата на Јувентус одира уште еден одличен натпревар и во второто коло против Верона славеше со истиот резултат како и против Комо на отворањето на сезоната (0:3).
Од самиот старт Јувентус изгледаше одлично и сигурно на теренот, Верона која во првото коло го декласираше Наполи со 3:0 вечерва беше немоќна.
Резултатот по една пресечна топка на Локатели во 28. минута го отвори Душан Влаховиќ, асистент беше Јилдиз. Десет минути подоцна на сцена стапи Мбангула кој блескаше и против Комо.
Белгиецот нафрли, а топката во мрежата ја смести уште едно откритие на Мота, бекот Савона. На пауза „старата дама“ замина со предноста од два гола.
По само осум минути игра во вториот дел Влаховиќ постигна втор гол, сега од пенал кој го изнуди Мбангула.
До крајот Јувентус сигурно ја чуваше предноста и по две кола тие се единствената екипа со максимални шест бода во Серија А. Во следното коло избраниците на Мота ќе се соочат со Рома.