Екипата на Јувентус во последен момент ја изгуби трката за потписот на Жан Клер Тодибо кој за сума од 40 милиони евра ќе се пресели во Вест Хем, па сега „старата дама“ има нова мета.
Според последните информации Тијаго Мота како нова опција за засилување на одбраната го гледа 24-годишниот Хрват од редовите на Ајакс, Јосип Шутало.
Пред само една сезона Ајакс на Динамо му плати сума од 20.5 милиони евра за да го доведе Шутало, а сега тој би можел да се пресели во Торино.
Мота сака да добие фудбалер од одбраната која е веднаш подготвен да биде првотимец и вистинска конкуренција на актуелните фудбалери во тимот.
Претходно, италијанскиот гигант беше блиску до ангажман на Тодибо, меѓутоа фудбалерот не сакаше повеќе да ја чека „старата дама“.