Јувентус му дал ултиматум на Киеза!

by riste
1 минути читање

На Федерико Киеза не му се брза со носење на одлука за неговата иднина, но Јувентус сака што е можно побрзо да се реши неговото прашање.

Информациите од Италија велат дека Јувентус на Киеза му поставил ултиматум, или да потпише нов договор со помала плата или да замине од клубот ова лето.

Рома беше заинтересирана за Киеза, тие постигнаа договор со Јувентус, но потоа кренаа раце откако фудбалерот одолговлекуваше со носењето на одлуката.

Актуелниот договор на Киеза истекува во јуни 2025 година и Јувентус не сака да го загуби следното лето беспари.

Сегашната плата на Киеза е 6 милиони евра, Јувентус за нов договор му нуди 5 милиони евра, плус 1 милион евра во бонуси со цел да има можност да ги изедначи сегашните примања.

За Киеза интерес имаше и од Наполи и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани