Масимо Алегри и Јувентус постигнаа договор за висината на обештетувањето кое клубот треба да му го исплати на тренерот за отказот кој му го врачи.
Јувентус му врачи отказ на Алегри во финишот од сезоната, брзо по освојувањето на Купот на Италија.
Имаше најави дека италијанскиот стратег ќе си ја бара целата плата за идната сезона која ја имаше во договорот, а Јувентус не сакаше да му исплати цело обештетување. Имаше можност судот да одлучува, но сепак двете страни се договорија.
Јувентус соопшти дека договорот е раскинат со взаемна согласност. Детали не се познати.
„Јувентус и Масимо Алегри соопштуваат дека со взаемна согласност е раскинат договорот на крајот од оваа сезона. Клубот му посакува на Алегри се најдобро во професионалната иднина исто така му благодари за резултатите кои ги имаше со тимот“, стои во соопштението на Јуве.