Јувентус го претстави дресот за новата сезона (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Јувентус зад себе има една сезона во која не ги исполни очекувањата на навивачите, а во наредната ќе влезат и со нов тренер од клупата.

Во Торино пристигна Тијаго Мота на кого му одеше одлично во Болоња и на овој тим го донесе историскиот пласман во Лигата на шампионите.

Сега во редовите на „старата дама“ се подготвуваат за новата сезона, а претставен е и новиот дрес. И на оваа комбинација дресови на Јувентус доминира традиционалната црно-бела боја, но сега ги нема жолтите нијанси од претходниот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани