Јоро: Јунајтед е најголемиот клуб на светот, подготвен сум да умрам за дресот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед претходната седмица го комплетира трансферот на младиот и талентиран Лени Јоро од редовите на Лил.

18-годишното момче кое е младински репрезентативец на Франција и покрај интересот на Реал, се реши да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“. Јоро по трансферот даде интересна изјава, а споерд него Манчестер Јунајтед е најголем клуб на светот.

Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб на светот! За мене беше сон да заиграм за овој клуб. Фановите се неверојатни. Веќе зборував со Тен Хаг. Тој посакува играчи кои се подготвени да победуваат. Кога ќе ме стави во игра, подготвен сум да умрам за клубот!“, изјави Јоро.

Лил за трансферот на Јоро заработи огромни 60 милиони евра. Таа сума беше бараната од страна на Французите, иако Јоро имаше само една година од договорот. Реал Мадрид нудеше половина од сумата, па не успеа да ја добие финансиската битка со Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани