Јирген Клоп неодамна потврди дека од јануари 2025 година ќе работи како „шеф на фудбалските операции“ во Ред Бул и ќе соработува со сите клубови кои се во сопственост на оваа компанија.
Неговата главна задача ќе биде советување на тренерите и развивање филозофија по која овие клубови ќе бидат препознатливи.
Германскиот стратег ќе учествува и во скаутингот, а имајќи ги во предвид добрите односо со Ливерпул многумина очекуваат и „црвените“ да имаат голема корист од него.
Конате, Собослаи, Кеита, Минамино, па и Бајчетиќ кој премина во спротивен правец се играчи од Ливерпул кои соработувале и со клубовите на Ред Бул.
Во Ливерпул се надеваат дека со Клоп на спротивната страна би можеле да имаат полесен пат до најквалитетните играчи од овие клубови.