Јилдиз потпиша нов договор со Јувентус и доби број кој носи големи очекувања

by Стефан
1 минути читање

Турскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Кенан Јилдиз потпиша нов договор со клубот од Торино до 2029 година, а доби и нов број кој со себе носи и големи очекувања.

Во сезоната која започнува овој викенд Јилдиз ќе ја носи „десетката“ која има голема „тежина“ во редовите на „старата дама“ бидејќи во минатото ја носеа фудбалери како: Мишел Платини, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро.

Последен кој го носеше овој број беше Пол Погба, но неговата епизода неславно заврши. Исто така Јилдиз доби и трипати поголема плата, па сега место досегашните 300.000 евра ќе заработува над милион евра.

Во клубот пристигна пред две години од редовите на Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани