Најголемата фудбалска сензација на денешницата, младиот Шпанец, Ламин Јамал по освоеното Европско првенство ужива на заслужениот одмор. Слободните денови фудбалерот на Барселона ги поминува во Грција.
Јамал беше еден од клучните играчи во репрезентацијата на Шпанија која го освои Европското првенство со седум победи во исто толку натпревар. Беше прогласен Јамал и за најдобар млад играч на турнирот.
По Европското првенство тој ужива во својот одмор, а потоа ќе се врати во Барселона која веќе ги започна подготовките за новата сезона.
Јамал нема да патува со Барселона на американската турнеа, туку со Феран Торес и Педри ќе работи одвоено.
Друштво на Јамал во Грција му прави неговата девојка Алекс Падила. Младиот пар објави неколку фотографии од одморот. Падила се појави и на прославата на европската титула каде што позираше со трофејот на Јамал.