Јамал му одговори на Рабио: Зборувај сега! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Младата ѕвезда на Шпанија, Ламин Јамал беше брилијантен во полуфиналето против Франција, а по последниот свиреж на судијата имаше што да му каже на провокаторот Адриен Рабио.

Пред денешното полуфинале атмосферата се загреваше со вербални дуели. Рабио прв почна.

„Видовме дека располага со голем квалитет и знае да се носи со притисокот. Подготвен е да игра на високо ниво. Но полуфинале на големо натпреварување е нешто сосема друго. Исто така и ние ќе го ставиме под дополнителен притисок, нема да му дозволиме да биде комфорен и ќе му покажеме дека треба да понуди многу повеќе ако сака да игра финале“, рече Рабио за Јамал пред мечот.

Јамал веднаш потоа објави енигматична порака на социјалните мрежи.

„Молчи и работи, зборувај само кога ќе дојде време да кажеш „шах-мат““, гласеше објавата на Јамал пред мечот.

А откако Шпанија победи, а Јамал даде гол и направи и повеќе од тоа што го правеше претходно, ја искористи можноста да му се насити на Рабио.

„Зборувај сега, зборувај сега“, викаше Јамал во камерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани