Јамал: Мбапе ми го побара дресот!

by riste
1 минути читање

Ламин Јамал откри дека по натпреварот меѓу Шпанија и Франција, Килијан Мбапе му го побарал дресот.

Јамал постигна фантастичен погодок на тој меч и помогна Шпанија да ја победи Франција и да се избори за финале.

Младиот фудбалер на Барса сруши многу рекорди, а добил и посебна чест од Мбапе да му го побара дресот.

„Килијан Мбапе ми го побара дресот по натпреварот“, откри Јамал за „Марка“.

На Јамал денеска му е роденден, па во финалето ќе влезе како 17-годишник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани