Младата шпанска ѕвезда Ламин Јамал блеска играјќи за репрезентацијата и Барселона. Со само 16 години стана најмлад фудбалер на Европските првенства, а му се предвидува голема кариера.
Неминовно во Каталонија е во младите ѕвезди да го гледаат „новиот Меси“, а самиот Јамал реши да го прокоментира тоа.
„Лионел Меси е најдобар фудбалер во историјата. Фактот дека не споредуваат е навистина неверојатен, но тоа не е во ред. Никој не може да се спореди со Меси, особено не јас кој тукушто ја почнувам кариерата. Се надевам дека ќе направам половина од успесите од неговата кариера“, изјави Јамал.
Барселона е подготвена во следната сезона да му ја додели десетката на Ламин Јамал, со надеж дека подобро ќе се снајде од претходникот Ансу Фати.