Ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза е на излезните врати од клубот, откако стана јасно дека не е во плановите на тренерот Тиаго Мота.
„Старата дама“ на почетокот на летото го стави Киеза на трансфер пазарот, бараше 25 милиони евра за неговиот потпис, но потоа поради малиот интерес ги смали барањата на 15 милиони. И покрај тоа не е лесно да се пронајде нова средина за Киеза.
Се споменуваа неколку премиерлигаши, а тука во приказната беше и шампионот Интер.
Според последните информации од Италија, Киеза последно е понуден на Милан, а „росонерите“ одговориле дека ќе размислат за идејата. Италијанскиот репрензентативец има висока плата која претставува проблем за Милан, меѓутоа доколку ги намали барањата можеби има можност за тој трансфер да се исполни.