2
Eден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис изминатата ноќ бил запрен од полиција додека возел во алкохолизирана состојба.
Левиот бек бил запрен со неговиот автомобил Ламборгини Урус вреден над 200.000 евра.
По направениот тест било утврдено дека во неговата крв има 0.6 промили алкохол. Во Германија кривично се одговара за над 0.8 промили алкохол, па така Дејвис ќе помине само со прекршочна пријава.
За прекршокот фудбалерот на Баерн ќе плати казна од 500 евра.