77
Фудбалерот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае во овој момент го одработува вториот воен рок и тоа напоредно со обврските во Баерн Минхен и репрезентацијата на Јужна Кореја.
Звучи неверојатн, но „Билд“ открива како сето тоа функционира. Ким може онлајн да оди во војска во Јужна Кореја бидејќи веќе го завршил првиот дел кој е обврска за познатите спортисти во земјата и тој изнесува 450 часа место 18 месеци. Ким тоа го заврши како фудбалер на Наполи во 2023 година.
Летото 2023 три недели помина во војска и ја заврши обуката. Но, сега треба да посетува и 100 часови онлајн. Тоа го прави од Минхен преку видео линк.
На предавањата Ким разговара за вредностите како и дисциплината која го довела до спортскиот успех.