Ѓулер: Соништата уште не ми се остварени, се случија само некои од нив!

by riste
1 минути читање

Арда Ѓулер полека се промовира како ѕвезда во светскиот фудбал, по одличниот финиш на сезоната во Реал Мадрид, турскиот фудбалер блесна и во првото коло на Европското првенство.

Ѓулер постигна спектакуларен гол кој беше клучен за победа на Турција против Грузија, а беше прогласен и за фудбалер на мечот.

Тој вели дека некои од играчите на Реал Мадрид му ја честитале победата, а тоа го направил и Анчелоти.

„Некои од моите соиграчи од Реал Мадрид ми честитаа, ми пишаа веднаш по натпреварот и Анчелоти го направи истото. Среќен сум што ги имам“, вели Ѓулер.

Турскиот фудбалер вели дека само дел од соништата му се оствариле, не сите.

„Моите соништа уште не се остварени, се остварија само неколку од нив“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани