3,5K
Младата турска ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер вели дека тие инсистирале кралскиот клуб да плати за него повеќе отколку што била висината на откупната клаузула.
Арда Ѓулер имаше откупна клаузула во договорот на Фенербахче од 17,5 милиони евра, но Реал Мадрид го купи за 20 милиони евра.
„Ние побаравме од Реал Мадрид да плати малку повеќе на Фенербахче од откупната клаузула од 17,5 милиони евра. Тие со задоволство прифатија“, открива Ѓулер.
„Можев да останам уште една година во Генербахче, но сакав да му покажам на светот што може младо турско момче од Фенербахче да направи во Европа“.