65
Maкедонскиот напаѓач, Никола Ѓорѓиев продолжи со добрата форма во дресот на Арау во швајцарската втора лига.
Во рамките од 14. коло на швајцарското првенство, Ѓоргиев одново беше стрелец и ја затресе мрежата на гости кај Белинзиона во натпреварот кој неговиот тим го доби со 1:4.
Ѓоргиев во листата на стрелци се запиша во 36. минута. Арау со оваа победа дојде до четвртата позиција на табелата со 21 освоен бод.