Војчех Шчесни во текот на утрешниот ден треба да пристигне на медицински прегледи по што ќе го комплетира трансферот во Барселона, а полскиот голман сега за првпат се огласи на оваа тема.
Барселона мораше брзо да реагира и да доведе нов голман по повредата на Тер Штеген. Германецот го чека пауза од околу осум месеци, додека за Барселона опција беа само голманите без клуб.
Шчесни пред околу еден месец објави крај на кариерата откако го раскине договорот со Јувентус, но сега ќе се врати на терените.
„Многу ја почитувам Барселона. Станува збор за еден од најдобрите клубови во светот и ќе покажев непочитување ако не размислев за оваа опција“, изјави Шчесни.
Во кариерата полскиот голман покрај Јувентус бранеше уште за: Арсенал, Брентфорд и Рома.