Следната недела „Франс Фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“ за најдобар фудбалер во 2024 година, а на една недела шпанските медиуми откриваат кој ќе биде добитникот.
Според „АС“, фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе биде новиот добитник на најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот.
Винисиус минатата сезона со Реал Мадрид ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Примера. Во најтесна конкуренција заедно со Бразилецот биле неговите соиграчи Килијан Мбапе и Џуд Белингем, како и Родри од Манчестер Сити.
Ако се остварат најавите Винисиус ќе биде првиот Бразилец кој ја добил „Златната топка“ по Рикардо Кака во 2007 година. Исто така тој ќе биде четвртиот фудбалер на Реал добитник на „Златната топка“, по Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Карим Бензема. Минатата година освојувач беше Лионел Меси.
Винисиус во минатата сезона за Реал постигна 24 гола и подели 11 асистенции.