Шпанскиот новинар и фудбалски инсајдер, Жоан Фонтес предизвика реакции во фудбалскиот свет со изјавата во својот подакст дека Нејмар сака да се врати во Барселона.
Фонтес како што самиот објави, разговарал со Нејмар кој му признал дека има голема желба да се врати во Барселона.
Бразилецот во овој момент игра за Ал Хилал од Саудиска Арабија, а како што е познато своевремено ја напушти Барселона и премина во ПСЖ за 222 милиони евра. Тој трансфер се уште е најскапиот во историјата на фудбалот.
Со Барселона, Нејмар успеа да освои две титули во Шпанија и Лига на шампиони во 2015 година. Играше на високо ниво и во ПСЖ, но откако не ги исполни очекувањата ја напушти Европа и се пресели во Ал Хилал каде што доби договор вреден 150 милиони евра годишно.
Секако, ако во некој случај се оствари неговата желба да се врати во Барселона тоа би било за драстично помала плата.