Шпанскиот суд и наредни на Меѓународната фудбалска федерација и Европската фудбалска унија да престане со противењето за основање на Суперлигата.
Судијата во пресудата процени дека ФИФА и УЕФА ја злоупотребуваат својата доминантна позиција и имале став кој се противи на секоја конкуренција.
Судијката Софија Гил Гарсија процени дека ФИФА и УЕФА го прекршиле законот на Европската Унија со тоа што им забраниле на клубовите да учествуваат во новото предложено натпреварување.
Во пресудата судијката нареди на светската и европската куќа на фудбалот веднаш да ги повлече сите одлуки кои беа донесени претходно.
Спорот пред судот во Шпанија го отвори компанијата „А22 Спортс Менаџмент“ која застана зад основањето на Европската Суперлига, а против Фудбалскиот сојуз на Шпанија, шпанската Ла Лига, УЕФА и ФИФА кои ја блокираа Суперлигата.