Фудбалерите на Шпанија се вратија во својата земја и добија спектакуларен дочек. Илијадници фанови ги преплавија улиците во Мадрид за да ги поздрават своите херои.
Шпанците не влегоа како едни од главните фаворити за освојување на Европското првенство, но одиграа спектакуларен турнир победувајќи ги сите седум натпревари.
За успехот да биде позначаен на патот до трофејот ги совладаа големците како Италија, Германија, Франција и Англија.
„Ви благодариме што ја покажавте најдобрата верзија од Шпанија. Ова беше како приказна“, изјави премиерот Педро Санчез кој ги прими фудбалерите.
🎉🇪🇦 ¡Ojo al ambientazo en Cibeles para recibir a los #C4MPEONES de la #EURO2024!
— MARCA (@marca) July 15, 2024
📹 @ernestoasc_ pic.twitter.com/piTQDDiqKm
🏆 Así está Cibeles a pocos minutos de que llegue la selección española para celebrar la Eurocopa pic.twitter.com/EEQFIGyvpT
— MARCA (@marca) July 15, 2024