Шпанија има сериозни проблеми: Против Франција ќе истрча 38-годишниот ветеран?

by Стефан
1 минути читање

Шпанската репрезентација се соочува со многу проблеми пред полуфиналето против Франција. Селекторот Де Ла Фуенте сигурно не може да смета на тројца фудбалери, а под знак прашалник се и уште неколкумина.

Дани Карвахал е надвор од комбинација поради црвениот картон кој го заработи во четвртфиналето. Поради картони нема да може да настапи и дефанзивецот Робин Ле Норманд, оддека како што е познато првенството за Педри заврши поради повреда.

Најновите лоши вести за Шпанците се поврзани со Дани Олмо. Фудбалерот на Лајпциг наводно се повредил по натпреварот со Германија и неговиот настап е под знак прашалник.

За Де Ла Фуенте критична е левата бековска позиција и доколку не прави некакви експерименти таму би требало да стартува 38-годишниот ветеран Хесус Навас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани